gogo

A+ R A-


Верниците реагираат, црковните тарифи достигнаа плафон

И покрај негативните реакции од верниците - христијани, цените на верските обреди што ги извршуваат свештениците на Македонската православна црква-ОА, поскапеа од петстотини до илјада денари.

alt

Одлуката ја донеле владиците на почетокот на февруари. Од МПЦ велат дека покачувањето е од економски причини.

Старите цени ќе останат на сила во помалите градови бидејќи голем дел од жителите се во лоша финансиска состојба. Економските стандарди не им дозволуваат да дадат од 50 до 100 евра за крштевка или венчавка.

Наплаќањето за свештенодејства е грев и канонски прекршок, се вика симонија. 

Но тоа што му го даваат верниците на свештеникот е доброволна награда. Тоа значи дека свештеникот е должен да ја изврши тајната и во случај верникот да нема ниту денар да плати.

Ова се новите цени на верските обреди во скопската епархија:

– крштевка                                        4.000 денари
– венчавка со еден свештеник          6.000 денари
– венчавка со тројца свештеници      7.000 денари
– погреб                                           3.000 денари

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.