gogo

A+ R A-


„ВЕРУВАМ ВО...“ - уште една творба од опусот на Дара К.Ефремовска

„ВЕРУВАМ ВО...“
Секој човек верува во нешто,
во некого, сите ние веруваме
повеќе или помалку
во нешто!

Што е тоа нешто
во кое верувам јас
веруваш ти
веруваме сите ние?

Некој верува
во денот од неделата
среќен или не,
некој верува
во месецот,
некој во годината,
а некој во луѓето
што го среќава!

Некој верува
во сонот што го сонува,
во книгата што ја чита,
во семејството,
во роднините,
во другарите,
во Господ!

Вербата нека трае,alt
без верба сме ништо,
вербата не храни,
ни дава сила, не прави посилни!

Верувам во тоа што живеам овде
верувам во добри денови,
на себе, на семејството,
ќе даде Бог убавина
и во мојот дом,
верувам дека животот
ќе трае, ќе трае,
да им подариме на нашите чеда

прегратка и насмевка,
да оставам трага
во времето и просторот
со сите мои стихови!
автор - Проф. Дара К. Ефремовска

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.