gogo

A+ R A-


ВИДЕО Милион евра за колекторски систем и уреден кеј до излезот на Кратово

Довршување на веќе започнатиот колекторски систем долж Кратовска река и изградба на модерно шеталиште осветлено со канделабри. Ова е проектот кој им го нуди на граѓаните на Кратово кандидатот за градоначалник од редовите на владеачката коалиција, Мите Андоновски.

-Пред две години започнавме со изградба на колекторски систем и уредување на речното корито на Кратовска река. Во новата изборна програма обезбедени се уште еден милион евра, средства од Министерството за транспорт и врски. Веќе е избран изведувач и за неколку дена ќе продолжи изградбата на овој капитален објект – рече Андоновски.

Во завршната фаза Општината Кратово планира да изгради пречистителна станица за отпадните води.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.