gogo

A+ R A-


Владата наскоро ќе набави опрема за кратовското кино


altРечиси цела Македонија доби киносали со модерна киноопрема. Во четиринаесет града низ државата веќе започнаа да се прикажуваат филмови, а новост е дека кино ќе добијат и Кратово, Радовиш, Ресен и Пробиштип, за што Владата веќе донела одлука и со што бројот на киносали со проектори набавени на државен трошок ќе се искачи на 18, односно во речиси сите поголеми градови.

Во веќе постоечките киносали во Кочани, Куманово, Неготино, Струга, Охрид, Кичево, Прилеп, Велес, Тетово, Гостивар, Струмица, Делчево, Крива Паланка и Дебар од утре ќе започне и првата организирана ревија.

„Верувам дека набавката на новата опрема ќе овозможи разновидна културна програма во овие градови, а нашите граѓани кои покажаа дека сакаат да ја уживаат кинокултурата ќе можат да проследат многу нови филмски дела и од странската и од домашната продукција", рече министерката Канческа-Милевска.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.