На 3 јуни 2014 година, денот кога Црквата го слави споменот на светите Константин и Елена Рамноапостолни, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на новиот храм посветен на светите цареви во селото Вак’в – Кратовско. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. Фреските во храмот ги живописа уметникот Стојанче Андонов Дито.

















