gogo

A+ R A-


Во четврток изложба на графики на Валентина Илијевска

alt

Четврток (04.09.2014 год.) во 12.30 часот во галерија на Музеј на град Кратово ќе биде отворена изложба на графики на Валентина Илијевска насловена „За вредностите“.

Изложбата содржи околу 20-тина графички листови кои се работени во дрворез и комбинирана техника. Валентина Илијевска е родена во Скопје на 25 јули 1987 год. Дипломирана на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) во Скопје - Оддел графика и графички техники.

За својот труд има добиено десетина награди во земјава и странство, реализирала самостојни изложби, а учествувала и на групни изложби во Македонија, Турција, Србија и Унгарија.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.