
Љубителите на филмот може да бидат презадоволни, затоа што утре во Кратово започнува тридневниот филмски фестивал на етнолошки филмови. Фестивалот по вторпат се одржува и ќе има меѓународен предзнак, затоа што ќе бидат прикажани и неколку странски филмови. Организатор на фестивалот е „Македонското етнолошко друштво“, со финансиска помош од Министерството за култура и локалната самоуправа на Кратово. Фестивалот ќе трае до сабота, а ќе биде отворен со свеченост утре (четврток) во 09.30 часот, во Музејот на градот Кратово.
















