gogo

A+ R A-


Во Кратово одбележан 3 декември - денот на лицата со хендикеп

3 декември – светскиот ден на лицата со хендикеп беше пригодно одбележан и во Кратово, каде од неодамна работи новоотворениот Центар за лица со посебни потреби. Кратовската организација на Форумот на жени на Социјалистичката партија обезбеди подароци за децата со посебни потреби, а градоначалникот на Кратово апелираше што поголем број родители да ги донесат своите деца во новоотворениот центар. Многу интересен момент се случи кога една штитеничка на центарот со ведар дух и весел карактер, од радост што ги посети градоначалникот, донесе колаче и инсистираше „градскиот татко“ да се заблажи, а разделбата со градоначалникот заврши со солзи во нејзините очи.    

Во центарот се пријавиле 10-тина лица, од кои првите пет се веќе во фаза на адаптирање под будното око на дефектологот Македонка Трајковска.

alt

 

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.