gogo

A+ R A-


Во Кратово одбележан меѓународниот ден на лицата со посебни потреби (ВИДЕО)

Граѓаните и институциите во Општина Кратово масовно се приклучија кон одбележувањето на 3-ти Декември – меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Во акцијата за донирање средства на Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост беа собрани над 30.000 денари, облека, хигиенски средства, дидактички материјали и играчки.
Кон акцијата се приклучи и семејството на Љубисав Иванов – Ѕинго, компанијата „Силекс“, Форумот на жени на СПМ, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и други институции.
Општината Кратово одлучи средствата собрани од неодамна одржаната „Компиријада“ да ги намени за купување статичен велосипед за Дневниот центар. Кон акцијата се приклучија младите и Црвениот крст, кои организираа хуманитарен концерт, а средствата од продадените влезници ги наменија за лицата со посебни потреби.   Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.