gogo

A+ R A-


Во Кратово отворена изложба на стар дамски накит

altВо Музејот на град Кратово денес беше отворена уникатна изложба на стар накит насловена „Накитот во кратовскиот регион“. Повеќе десетици примероци кои потекнуваат од минатото се најдоа во витрините и пред погледите на кратовчани.  Автор на изложбата е Драган Георгиевски, етнолог - кустос во кратовскиот Музеј.
-Целта на изложбата е посетителите да го видат накитот кој бил создаван од вредните раце на кратовската жена, но и од кратовските ковенџии. Изобилството на форми и различни орнаментални решенија сведочи за естетскиот вкус на кратовските изработувачи на накит – вели Георгиевски.
Пафти, филиграни, ланци, прстења, обетки, сите украсни детали кој македонскиот народ ги носел за разни веселби, крштевки, свадби, имендени, слави, изминатите два века се претставени пред јавноста. Изложениот накит ќе може да се види и следната недела.   О.А.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.