gogo

A+ R A-


Во Кратово отворена изложбата за староградска архитектура „Пет градови“

altВо Домот на културата во Кратово во следните неколку дена ќе може да се види изложбата „Пет градови“, посветена на бисерите на староградската архитектура во Велес, Штип, Кратово, Берово и Куманово.

Изложбата е дел од таканаречената оска на соработка „Инвентар на архитектонското културно наследството на пет градови“, меѓу Македонската и Француската Асоцијација на градови со архитектонско наследство. Оваа активност во изминатите две години е реализирана во рамките на проектот за децентрализираната соработка меѓу регионот Долна Нормандија од Република Франција и Република Македонија.

Гоце Аџимитревски технички координатор на Асоцијацијата на градови на Македонија со архитектонско наследство појасни дека централна тема на изложбата е инвентарот на наследството на 41 објект во петте градови.

- Изложбата има два дела, кои се претставени на петте паноа. На левата страна се претставени истражувањата, а десната страна е документарна, рече Аџимитревски.

Директорот за Европски прашања и меѓународна соработка на Регионот Долна Нормандија Александар Пол информира дека ваков проект се реализира и во нивниот Регион.

- Таму проектот е во насока плажите, каде пред 70 години се истовариле Сојузничките сили, да бидат класифицирани како заштитено светско наследство на УНЕСКО, истакна Пол.

Тој најави дека во Македонија е и да се договори заедно со претставниците на амбасадите на Франција и на Македонија за продолжување на соработката на двете земји во наредните три години до 2016 година за натамошна заштита на културното наследство.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.