gogo

A+ R A-


Во сабота кратовските деца ќе уживаат во претставата „Волшебникот од Оз“

Во рамките на манифестацијата „Топол културен бран 2016“ во организација на општина Кратово а со финансиска подддршка од Министертвото за култура на РМ, најмладата публика во Кратово ќе има можност да ужива во детската театарска претстава ,,Волшебникот од Оз,, во изведба на Театар Куманово.

„Волшебникот од Оз“ е претстава за деца, работена по мотивите од истоимениот роман на американскиот автор Франк Лајман Баум, кој иако напишан пред повеќе од сто години, до ден денес останува „модерна“ бајка, возбудлива и пленувачка за секоја нова генерација.

Освен забавата, оваа претстава носи и мошне поучна порака дека се она кон што се стремиме, можеме да го пронајдеме во себе, само треба да сме чесни, упорни и несебични.

Претставата ќе се одржи на 02.07.2016 година од 12.00 часот во Мултимедијалниот Центар ( Кино Сала) во Кратово.

Улогите ги толкуваат: Сања Русеска, Марко Трајковиќ, Мартин Лазаревски, Александра Михајловска, Кети Дончевска Илиќ, Горан Илиќ додека режијата е на Бојана Краљевска.

Влезот за претставта е слободен.

http://strumicaonline.net/wp-content/uploads/2014/03/w1-1024x576.jpg

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.