gogo

A+ R A-


Во сабота „Лесновски ѕвона“ во чест на поетот Чедо Јакимовски

На ден 8-ми јуни (сабота) 2013 година во чест на македонскиот поет Чедо Јакимовски ќе се одржи седмата поетска средба ,,Лесновски ѕвона,, 2013 Кратово. Манифестацијата ќе започне во 11.30 часот со полагање на цвеќе на гробот на поетот во Кратово. -12.30 ч. поетско читање во Манастирот Св.Гаврил Лесновски. -13.00 ч. Средба со Манастирското братство. Во 17.00 ч. ќе биде отворена Изложба на слики од Меѓународната ликовна колонија ,,Вевчански видувања во галеријата на Музеј на град Кратово каде што промотор ќе биде Ефтим Клетников. -18.00 ч. ќе започне поетската средба во Музеј на град Кратово проследена со музичка нумера , рецитирање на песната,,Лесновски ѕвона,, Оваа Седма поетска средба ќе биде altотворена со поздравно обраќање на Живко Кондев, Претседател на Советот на манифестацијата, Потоа ќе бидат доделени повелби за особен придонес во остварувањето и поддршката на содржините на поетската манифестација ,,Лесновски ѕвона,, во Кратово и манастирот ,,Св.Гаврил Лесновски,, Исто така свое обраќање кон присутните ќе има и г-дин Мите Андоновски, Градоначалник на општина Кратово. Понатаму следи беседа за Чедо Јакимовски-Тодор Чаловски , поетско читање како и прогласување на победникот на наградниот конкурс на Советот на манифестацијата, ,Лесновски ѕвона,, за најдобра дебитанска поетска книга за 2012 година. На крајот од оваа 7-ма поетска средба ќе биде промовирана наградената поетска книга ,,10 години подоцна,, на Драгана Велковска , промотор Милован Стефановски Учесници во манифестацијата ,,Лесновски ѕвона ќе бидат – Михаил Ренџов, Ефтим Клетников, Бранислав Ташковски, Тодор Чаловски, Ристо Јачев, Данило Коцевски, Милован Стефановски, Санде Стојчевски, Гордана Михаилова-Бошњаковска, Фимка Клетникова, Благој Самоников, Трајче Коцарев, Горан Анчевски, Љерка Тот, Ленче Милошевска, Афродита Николовска, Јасна Трпковска, Катерина Д.Арсеновска, Драгана Велковска, Љубинка Донева, Борче Танов. Водител на програмата и рецитатор ќе биде актерот Страшко Милошевски.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.