gogo

A+ R A-


Во сабота „Лесновските ѕвона“ ќе ечат во чест на поетот Чедо Јакимовски

СОВЕТ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ЛЕСНОВСКИ ЅВОНА“ ВО ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКИОТ ПОЕТ ЧЕДО ЈАКИМОВСКИ ВЕ ПОКАНУВА НА ДЕВЕТТА ПОЕТСКА СРЕДБА КОЈА ЌЕ СЕ ОДРЖИ НА 6 Јуни (сабота), 2015 година во Кратово. Еве ја програмата по која ќе се одвиваат настаните.

http://www.sitel.com.mk/sites/default/files/styles/large/public/statija/teaser-images/2013/june/zvonalesk.png Тргнување од Скопје, од Кејот на Вардар пред МАНУ во 10.00 часот

 11.30 ч.Полагање цвеќе на гробот на поетот во Кратово

12.30 ч. Поетско читање во Манастирот Св. Гаврил Лесновски

13.00 ч. Средба со Манастирското братство

14.00 ч.   Тргнување за Кратово и ручек

17.00 ч. Отварање на Изложбата на слики на Живко А. Поповски – Цветин од циклусот „Цвеќето на мирот“ (Музеј на град Кратово)

Промотор Христо Петрески
18.00 ч.   Поетска средба (Музеј на град Кратово)

-         Музичка нумера

-         Рецитирање на песната Лесновските ѕвона

-         Отварање на деветта поетска средба, со поздравно обраќање на Живко Кондев, претседател на Советот на Манифестацијата

-         Доделување на Повелби за особен придонес во остварувањето и подршката на содржините на поетската манифестација Лесновски ѕвона во Кратово и Манастирот Св. Гаврил Лесновски

Поздравно обраќање на Градоначалникот на општина Кратово г-дин Мите Андоновски

-         Беседа за Чедо Јакимовски – Бранко Цветковски

-         Поетско читање

-         Со учество на поети од Регионалната ПЕН Конференција

-         Прогласување на победникот на наградниот конкурс на Советот на манифестацијата Лесновски ѕвона, за најдобра дебитанска поетска книга за 2015 година

-         Промоција на наградената поетска книга Писмото на десетте прсти од Сања Атанасовска од Куманово

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.