gogo

A+ R A-


ЗА ЖИВОТ И СПАСЕНИЕ НА КРАТОВЦИ - 500 ГОДИНИ ОД МАЧЕНИЧКАТА СМРТ НА СВЕТИ ЃОРГИ КРАТОВСКИ

Светата православна црква го празнува денот на свети Ѓорѓи Кратовски на 24 февруари. Свети маченик Ѓорги Кратовски е македонски светител кој маченички пострадал за Христовата вера во почетокот на XVI век. По занает бил кујунџија и останал заштитник на златарите и кујунџиите.

altСвети Ѓорги е роден во 1497 година во Кратово и бил паметно и снаодливо момче којшто станал учен и посветен на Христовата вера. Како убаво и силно момче што било вешто во златарскиот занает бил забележан од турските достоинственици кои сакале да го потурчат. Според нив само муслиманската вера треба да има чесни, убави и умешни луѓе. За да се заштити од нив, морал да се пресели во Софија. Но и таму веста за вештиот златар брзо се проширила. Со силата на божјиот збор и со мудрост им се спротивставувал на моќните Турци. Бидејќи не можеле да го убедат да се потурчи, го осудиле на маченичка смрт, а тој храбро и со силна љубов за правда за својот народ, со цврста вера во Бог и со смиреност во душата ја прифаќа судбината да биде спален на клада на 18-годишна возраст во Софија на 24 февруари 1515 година.

На иконите свети Ѓорѓи Кратовски е претставен како голобрадо момче во кошула со крст во десната рака и маслинова гранка во левата. Над ореолот има напис: „Свети Ѓорѓи кој настрада од Селим“.

По повод 500 години од неговото мачеништво (1515-2015 г.) нашиот град Кратово се подготвува за празник и тоа не обичен, туку празник кога сите граѓани сплотени во едно, со чисто срце и со вера ќе упатат молитви и искрени желби за напредок, спасение и бериќет на сите кратовци. Горди сме што живееме, учиме, работиме и другаруваме во Кратово. Само родната куќа, планината, дрвото, небото, татковината, имаат сила што го полнат срцето со сигурност и иднина.

Животот на свети Ѓорги Кратовски ги исцелува маките и страдањата на многу луѓе, но се вивна и уште повисоко: стана наш заштитник.

Новинарска секција во ООУ „Кочо Рацин“ Кратово

ментор: проф. Лидија Ташева

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.