gogo

A+ R A-


Започна детската ликовна колонија во Кратово

Со учество на дваесет и пет млади уметници и четворица ментори, започна 23-тата по ред Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ Кратово. Цела недела децата – уметници од Кратово, Куманово, Ново Село, Македонски Брод, Прилеп, Сокобања (Србија) и Софија (Бугарија) ќе сликаат дела со тематика поврзана со староградската архитектура на Кратово.

-Чест ми е што и годинава ќе бидеме домаќини на млади уметници од Балканот. На меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“  во изминатите години учествувале голем број млади ликовни уметници-таленти од повеќе градови од земјава и од странство, кои преку сликарските четкички ја прикажувале старата кратовска архитектура со акцент на старите кули, мостови, куќи, а делата што се создаваат во нејзини рамки се изложуваат на многу поставки во земјава. И годинава манифестацијата е масовна, а во иднина посакувам уште повеќе да расте – ни рече Даниел Тодоровски, ликовен педагог од Кратово.
Ликовната колонија е во организација на домот на културата „Лазар Софијанов“, а финансиски е поддржана од општина Кратово.   О.А.

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.