gogo

A+ R A-


Започна кампањата „Типичен Ром“ во Кратово

Кампања „Типичен Ром“ за социјална вклученост на Ромите во Кратово

пишува: Оливер Арсовски

-„Типичен Ром“ е насловот на кампањата што под мотото „Сите во едно општество“ ја спроведува заедницата на Ромите од Кратово. Како што истакнаа на прес конференција активистите од ромската заедница, кампањата има за цел да ја намали социјалната исклученост на Ромите и да ги разбие

стереотипите за оваа етничка заедница.

Проектот е дел од европска кампања против дискриминацијата што ќе се реализира во Албанија, Македонија, Романија, Молдавија во периодот од ноември 2009 до април 2010 година.

 

 

Во рамките на интернационалната кампања за почитување на граѓанството на СИТЕ во ЕДНО ОПШТЕСТВО „Типичен Ром?“ поддржана од ЕРГО мрежата

ЗГ „Рома Прогрес“-Организациона единица огранок

Ромска Образовна Младинска Асоцијација-Кратово

РАСПИШУВА КОНКУРС

За пишување Есеј на тема: „Типичен Ром?“

Есејот треба да содржи:

  • Минимум 500 зборови, максимум 700 зборови ;
  • Да биде пишуван во Ariel со фонт 11
  • Македонска поддршка
  • Вовед
  • Теза (тоа што вие го тврдите)
  • Заклучок

Авторот на најдобриот есеј ќе добие вредносен бон од 100 €, кој ќе може да го искористи во една од книжарниците низ Република Македонија.

Најдобриот есеј ќе биде објавен на официјалната веб-страна на кампањата www.typicalroma.eu.

Комисија составена од националниот координатор на кампањата, новинар и професор по македонски јазик и книжевност ќе одлучува во изборот на најдобриот есеј.

Конкурсот важи за сите заинтересирани средношколци и студенти и трае до 1.Март.2010 година (Понеделник).

Есејот кој ги исполнува горнонаведените критериуми, заедно со контакт информациите на авторот да биде испратен со назнака ESEJ 2010 на една од

е-мail адресите:

Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.