gogo

A+ R A-


Започна третиот меѓународен фестивал на етнолошки филмови во Кратово

http://www.vietnamonline.com/userfile/news/dangnguyen/2011/12/Ava-%20Vn%20Film%20Fes.jpgОпштина Кратово и Музеј на град Кратово во организација на Македонското Етнолoшко Друштво Ве поканува на свечено отварање на III Меѓународен Фестивал на Етнолошки Документарни Филмови „КРАТОВО 2014“ во четврток (2-ри Октомври,2014) со почеток во 09.30 часот во просториите на Музеј на град Кратово.

Општината по трет (3) пат ќе биде домаќин на Меѓународниот фестивал на етнолошки филмови, кој фестивал започнува во четврток на 2-ри октомври, а ќе заврши во сабота на 4-ти октомври.

Свеченото отварање ќе биде од страна на проф. д-р Зоранчо Малинов кој е воедно и Претседател на Македонското Етнолошко Друштво, а поздравни говори ќе имаат и претставници од Министерството за култура и Градоначалникот на општина Кратово.

Во 10 и 30 часот следува предавање на Стеф Мејкнехт на тема: „Како ги изработувам етнолошките документарни филмови„

П р о г р а м а :

Четврток, 02 Октомври 2014 год.

09:30 часот Свечено отварање на фестивалот

10:30 - 11:30 часот Предавање на тема: „Како ги изработувам етнолошките документарни филмови“, Стеф Мејкнехт, Холандија;

11:30 - 14:30 часот Проекции на етнолошки филмови

1. Фестивалот во мај, Давор Бориќ, Хрватска (29 мин);

2. Изработка на плот, Нашко Крижнар, Словенија (33 мин);

3. Белградскиот казанџија, Елизабета Конеска, Македонија (15 мин);

4. Го - Помеѓу, Афар од Етиопија, Фроде Сторас, Ролф Скот и Гетачев Кас, Норвешка (38 мин);

5. Братско време, Весли Шрам, Кенија (55 мин);

- Дискусија

14:30 - 16:45 часот

6. Мед, Аделина Антониа, Мартин Грубер, Мигуел С.Хиларио, Енрике Бино Жоб, Фатима Жозе и Еваристо Кинтас, Ангола (39 мин);

7. Силвестерхаусе од Хундвил, Микеле Трентини, Италија (12 мин);

8. Обичајот „Четерсе„ во Штип, Трајан Ристовски, Македонија (15 мин);

9. За орлите, соколите и хоби коњите, Роџер Каналс, Шпанија (54 мин);

- Дискусија

18:00 - 21:00 часот

10. Нежните бакнежи тешко се најдуваат, Инес Понте, Португалија ( 21 мин);

11. Зафиманири стил, Итсуши Кавасе и Таку Лида, Јапонија, (34 мин);

12. Морепловците, пронаоѓачите на пацификот, Сем Лоу, САД (59 мин);

13. Мртвите по претпоставка недостасуваат, Колет Пјои Пол Сант Касиа, Кипар (40 мин);

- Дискусија

Петок, 03 Октомври 2014

09:30 - 10:30 часот Предавање на тема: „Како ги изработувам етнолошките документарни филмови“, Колет Пјо, Франција;

10:30 - 13:00 часот Проекции на етнолошки филмови

14. Свети Димитриј, Митровден, Јоже Рехбергер Огрин, Словенија (14 мин);

15. Свети Патрик УВОЗ-ИЗВОЗ, Марко Димиќ, Хрватска (25 мин);

16. Покрсти во Драчево, Јане Петрушевски, Македонија (23 мин);

17. Оставка, Мина Христова, Бугарија (20 мин);

18. Мапирање на пустината, Ед Алс, Велика Британија (25 мин);

- Дискусија

13:30 - 16:40 часот Проекции на етнолошки филмови

19. Изгуби се, Приближи се, Рита Марала, Италија (15 мин);

20. Камерата на дадилката:Ксенофобија во татковината, Роџер Хорн, Јужна Африка (20 мин);

21. Албатинот раскажува, Валентина Илиевска, Македонија (12 мин);

22. По стапките на Кривопаленчката традиција, Александар Маџовски, Македонија (15 мин);

23. Хоспис во Амстердам, Стеф Мејкнехт, Холандија, (60 мин);

- Дискусија

18:00 - 20:00 часот Проекции на етнолошки филмови

24. Имагинеро - сликарот (Хермогенес Кајо), Хорхе Прелиоран, Аргентина (53 мин);

25. Ниту ќе го продолжи ни ништо, Владимир Боцев, Македонија (24 мин);

сабота, 04 Октомври 2014 година

09:30 - 12:00 часот Разгледување на знаменитостите на Кратово

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.