gogo

A+ R A-


Започнува екстерното тестирање, адреналинот до плафон

Веќе дилеми нема, екстерните тестови за учениците и наставниците во основните и средните училишта од понеделник стануваат реалност. За некого сурова реалност (за учениците што добивале незаслужени оцени и за наставниците што делеле оценки од ракав), а за квалитетните ученици и наставници можност уште еднаш да го валоризираат својот труд. Наставниците се плашат екстерните оценки да не се со поголема разлика, затоа што законот предвидува ригорозни казни и откази. Казните и отказите се однесуваат за необјективните наставници што две години по ред ќе се најдат на дното на листата на необјективните оценувачи, кај кои ќе има разлика од две, три или четири оценки.

Секој ученик нема да смее да полага повеќе од два предмети. Оценките добиени на екстерните предмети ќе бидат впишани во свидетелствата и ќе бидат земени предвид при определување на средниот успех на ученикот. Доколку наставниците се објективни во нивното оценување, тогаш тие ќе добијат 15% поголема плата.

altМинистерот за образование и наука Панче Кралев вели дека казните не се ригорозни затоа што првата година ќе има советодавна работа со наставниците кај кои ќе биде забележана лоша работа.

Нема простор за паника од екстерното тестирање. Тоа не е  тежок испит или концепт против некого, туку признат модус кој дава резултати и добробит за секого. Темелен е врз искуството кое е меѓународно познато и признато. Се спроведува во 30 образовни системи во Европската Унија и 24 од 34-те земји на ОЕЦД.

Како ќе се спроведува екстерното тестирање?

Учениците ќе имаат 60 минути да решат 30 прашања. Ќе се полага компјутерски. Секое прашање ќе има 4 понудени одговори кои можете да ги смените во текот на тестирањето. Секој ученик ќе има различни прашања. Прашањата се од материјата која учениците ја изучувале во текот на изминатата учебна година.

Зошто треба да се спроведе екстерно тестирање?

-Затоа што е систематско мерење и мониторинг на постигнувањат на: секој ученик посебно, учителите и наставниците, сите училишта како целина и националниот образовен систем.

-Затоа што екстерното тестирање обезбедува јасни и објективни статистички податоци.

-Затоа што екстерните тестови се прават согласно целите на рационалните програми, а резултатите од екстерните тестови понатаму директно влијаат врз образовните политики на државата.

-Затоа што само екстерното тестирање на национално ниво обезбедува објективни и еднакви стандарди за сите ученици, учители, наставници и училишта.

-Затоа што резултатите од екстерното тестирање можат да обезбедат информација на ученикот колку научил споредбено со соучениците од класот, училиштети и најважно споредбено со просекот на национално ниво.

-Затоа што екстерното тестирање прави јасна разлика помеѓу предавање, настава и учење. Резултатите од екстерното тестирање, објективно докажуваат колку тоа што учителот/наставникот го предавал, навистина го научиле учениците. Бидејќи крајната цел на секој образовен систем е учениците да научат.

-Затоа што истото обезбедува платформа на објективното спроведување на достигнувањата во самото училиште, како и споредбено со останатите училишта во државата. На долг рок гарантира зголемување на позитивната компетиција меѓу учителите и училиштата.

-Затоа што екстерното тестирање објективно ќе ги покаже успесите и недостатоците на учениците и нивните учители/наставници. Ова јасно ќе покаже што е успешна пракса и каде треба дополнително подобрување. Ваквата пракса ќе придонесе за приближно изедначување на квалитетот на настава во сите училишта во државата.

Македонија е подготвена за екстерно тестирање

Владата на Република Македонија има за цел заедно со училиштата, родителите, децата и Синдикатот, партнерски да ја спроведат оваа реформа.

Најголемиот дел од учениците и учителите цврсто го поддржуваат екстерното тестирање. Оваа реформа кај нас се најавува веќе петта година. Проектот е масовен и во него се опфатени 15.000 наставници и 200.000 ученици. Истиот за надлежните ќе биде цврста подлога за понатамошните реформи во македонскиот образовен систем.

Емпириски докази покажуваат дека земјите каде се спроведува екстерното тестирање  имаат значително подобри резултати на интернационалните тестирања, за разлика од земјите каде нема екстерни тестирања. Постои силно убедување дека македонските ученици имаат силен капацитет да постигнуваат вака значајни резултати.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.