gogo

A+ R A-


Запознавање со учесниците на „Златни денови“ - етногрупа „Монистра“

http://hitportal.com.mk/wp-content/uploads/2015/06/etno-grupa-monistra.jpg

На 8 јули (петок) во Кратово концерт ќе одржи етно групата „Монистра“, во рамки на фестивалот „Златни денови“.

Сите членови на групата се музички образовани и имаат завршено Факултет за музичка уметност при универзитетот Св. “ Кирил и Методиј” во Скопје. Групата свири македонска етно музика на изворни инструменти. Музиката е збогатена со модерни аранжмани, се со цел да ги задоволи вкусовите на сите генерации.

Со досегашните концерти и настапи во Република Македонија и на меѓународни фестивали , групата “ Монистра ” се етаблира како многу успешен презентер на македонската етно музика која се следи со силно внимание. Особено ја негува неправилната ритмика по кој се препознава македонската песна и оро.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.