текст и видео - Оливер Арсовски
Општината Кратово е домаќин на меѓународниот фестивал на етнолошки документарни филмови. Два дена кратовчани ќе може да уживаат во вкупно 19 филмови, во кои се прикажани велигденските обичаи во Костурино, дервишката традиција во Охрид, животот на шаманите во Амазонија...
-Фестивалот на етнолошки документарен филм што се одржува во Музејот на град Кратово е прв од ваков вид во Македонија. Дојде време и ние да се организираме и да го претставиме пред македонската публика сето тоа што сме го создале. Решивме тоа да го претставиме прво во Кратово. Поканивме повеќе гости, добивме триесеттина филма, а тука ќе прикажеме деветнаесет од повеќе европски земји – истакна Владимир Боцев од Организациониот одбор.
-По претставувањето на македонскиот документраен филм во Софија во Културниот центар на РМ, ова е втора активност во последните четири години што ја организира Македонското етнолошко друштво. Искажувам благодарност до Министерството за култура, и секако до Општината Кратово која финансиски го потпомогна овој фестивал – рече Зоранчо Малинов, претседател на Македонското етнолошко друштво.
Во рамките на фестивалот предавања ќе одржат и двајца еминентни етнолози од Словенија и Бугарија.