Успешно заврши уште една, 24-та по ред Меѓународната детска ликовна колонија „Лазар Софијанов“ Кратово во организација на ЈОУ Дом на култура „Лазар Софијанов“ Кратово, во која зедоа учество дваесет и осум млади уметници и пет ментори од Македонија (Прилеп, Кочани, Н.Село - Струмица, Пробиштип, Кратово, Куманово), како и гости од соседна Бугарија (Софија). Овогодинешната ликовна колонија траеше пет дена, од 12 Јуни (понеделник) до 16 јуни (петок) 2017 година. Учесниците заедно со своите ментори работеа на теми од „Староградска архитектура на Кратово“, кулите, мостовите и останатите градби карактеристични за овој град.
Најново
![]() | Денеска | 9223 |
![]() | Вчера | 2582 |
![]() | Оваа недела | 17953 |
![]() | Минатата недела | 31600 |
![]() | Овој месец | 9223 |
![]() | Минатиот месец | 133267 |
![]() | Вкупно | 20927232 |