gogo

A+ R A-


Златкова кула во Кратово доби грант од 100.000 долари од САД

Со грант од 100.000 долари на американската амбасада во Македонија, наскоро ќе започне реставрација и санација на Златкова кула во Кратово. Овој споменик на културата е една од шесте зачувани кули во градот. Ревитализацијата на овој споменик кој со децении е надвор од функција, треба да придонесе за одржлив развој на општината.
-Деновиве сме известени од американската амбасада дека проектот е прифатен и дека во наредните месеци ќе биде финансиран. Знаеме дека овој објект е трета кула која се реновира во Кратово и која ќе биде ставена во функција на туризмот. Во неа е планирано да се сместат постојани музејски поставки од Кратово – вели Драган Георгиевски, директор на Музејот во Кратово.
Камените кули во Кратово се еден од најзначајните белези на градот. Градени се во доцниот Среден век, а во османлискиот период биле живеалиште на богатите турски бегови.
Кратовчани посакуваат во блиска иднина да се обноват и преостанатите три кули, за да се добие една раскошна архитектонска целина во градот.
Оливер Арсовски

alt

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.