gogo

A+ R A-


Зошто ја целиваме (бакнуваме) раката на свештеникот?

Кога за прв пат ќе стапнат на црковниот праг, многумина се прашуваат зошто верниците ја целиваат (односно бакнуваат) раката на свештеникот или епископот. За многумина ваквата пракса е тешко сварлива. Токму за нив го подготвивме овој краток текст.

altОдговорот на прашањето „Зошто морам да му ја бакнам раката на свештеникот?“ е, исто така, прашање: „Зошто не им ги бакнуваме раце на што повеќе луѓе?“ Целивањето нечија рака за нас не треба да биде нешто туѓо; попрво, тоа е една подзаборавена навика на нашите предци, со што се покажувало почит кон некого. Сè уште постојат луѓе кои паметат дека како мали, во знак на почит, им ја целивале раката не само на свештениците, туку и на родителите, дедовците и бабите, кумовите… Исчезнувањето на овој обичај е, за жал, дел од дезинтеграцијата на традиционалното христијанско општество, кое се засновало на хиерархија, смирение и почит. И најважно, на љубов, која не може да постои без должната почит.

Целивајќи му ја раката на епископот или свештеникот, ние не нужно ја сведочиме нашата почит кон неговата личност, туку кон неговата свештена служба. И свештеникот е човек, и тој е грешник, но како свештеник тој Го изобразува Христа; тој е икона Христова. И макар што неговата рака може да биде недостојна, таа сепак се допира до најсветото нешто во овој свет – Чесните Тело и Крв Христови (Светата Причест). Уште повеќе, и покрај неговата недостојност, преку ракополагањето врз него слегол дар за делење на духовни дарови и благослови. Зошто да се лишиме од Господовиот благослов со тоа што нема да ја целиваме раката на свештеникот?

Тогаш, кога да бараме благослов? Вообичаено, благослов земаме при поздравувањето со свештениците, целивајќи ја нивната десна рака; истото го правиме и при исповед, но и на крајот од богослужбите.

http://koe.mk/zosto-ja-celivame-rakata-na-svestenikot/

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.