gogo

A+ R A-


11 земјоделски задруги ќе добијат 21 милион денари за набавка на земјоделска механизација

500Владата издвои 161 милион денари за субвенционирање на механизација и опрема за земјоделците и земјоделските задруги што претставаува голем придонес во развојот на земјоделството.

11 земјоделски задруги потпишаа денеска договор со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Тие преку Програмата за рурален развој ќе добијат 21 милион денари како финансиска поддршка за набавка на земјоделска механизација.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков истакна дека оваа Влада известира огромни средстава во земјоделието бидејќи смета дека секоја држава треба да си обезбеди основна храна за сопствениот народ.

Цветков истакна дека досега се овозможени многу поволности за земјоделците.

-Покрај тоа што се издвоени средстава за набавка на опрема и механизација, огромни средстава се издвоени и за системи за наводнување, а донесени се и повеќе закони во издавање на земјоделското земјиште под закуп на земјоделците се со цел целокупното македонско земјиште да се стави во функција.

Цветков истакаа дека иако мал дел од младото населението се занимава со земјодеслство сепак за да се вклучат и тие мора да се обезбедат услови со модернизација на механизацијата. Тој истакна дека многу е направено и во здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги со цел да можат заеднички здружено да дејствуваат.

Министерот упaти апел до земјоделците дека можат да користат и други средстава за финансирање кои што се многу поволни како на пример преку ИПАРД програмата.

-Денеска со кофинансирање од 90% на земјоделската механизација, земјоделските задруги ги јакната своите производствени капацитети. Со потпишување на овие 11 договори се доделени 18 различни видови на земјоделска механизација неопходни за успешно функционирање на нашите задруги, истакна Тони Димовски директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Во Македонија има над 20 земјоделски задруги, а веќе е забележан тренд на зголемување на членовите на задругите токму заради поволностите кои им се нудат.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.