gogo

A+ R A-


15.000 посетители продефилираа на „Аквапарк фест“

alt

Во 6 часот утринава, со спектакуларниот настап на легендарниот Пол Ван Дајк, заврши првото издание на Аква Парк Фест. За два дена низ аква паркот во Пробиштип промаршираа повеќе од 15 илјади млади луѓе, кои на двете бини на фестивалот ги проследија омилените артисти, се забавуваа во аква паркот, создадоа одлична атмосфера со екстравагантниот фестивалски изглед , се спуштаа по тобогани и уживаа во чил-корнерот и кампот. Последната ноќ ја одбележа трииполчасовниот настап на еден од најзначајните луѓе во историјата на електронската денс музика, Пол Ван Дајк, кој директно од Ибица дојде на Аква Парк Фест, на еден од неговите ретки настапи во Европа оваа сезона.
На главната фестивалска бина вчера вечер настапи и исклучително енергичниот и бунтовен пост-панк бендот „Bernays Propaganda“ веднаш по нивната деветнеделна европска турнеја. Уникатните „Фолтин“ уште еднаш покажаа зошто нивниот препознатлив музички израз е омилен кај публиката, додека пак енергичниот звук на хардкор легендите „Smut“ буквално ја затресе главната бина. Посебно концертно доживување беше неверојатниот музички талент кои на сцената го донесе Сашко Костов &TWW и настапот на „Foolish Green“ кои кратко по објавувањето на првиот албум „Esacpe“ веќе имаат бројна публика.
Незаборавна вечер на Аква Парк Фест беше и петокот, со маестралниот концерт на Кирил Џајковски кој ја круниса главната бина таа вечер. Одлична журка беше двочасовниот сет на светската диџеј ѕвезда Mark Knight, пред масовната публика која потоа го дочека првото изгрејсонце на Аква Парк Фест со холандската денс-атракција „Sunnery James & Ryan Marciano“.
Вистинската еуфорија таа вечер предизвикаа „Суперхикс“ на кои им успева да го надминат врвот на концертната фешта, додека регионалните миленици „С.А.Р.С.“ се чини имаа еден од најдобрите концерти кои ги одржале до сега кај нас.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.