Денес од 07:50 часот регионалниот пат Кратово- Пробиштип е во прекин во двата правци за сите возила, соопштуваат од Авто-мото сојузот на Македонија.
Оттаму информираа дека и сообраќајот на патниот правец Куманово - Свети Николе е во прекин за сите видови на возила поради наноси од снег на патот.
Од 22:35 часот повторно е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Велес – Катланово.
Сообраќајот на патниот правец Куманово - Крива Паланка се одвива отежнато поради наноси од снег на коловозот.