gogo

A+ R A-


Бесплатна ужина за ранливите категории на ученици во Пробиштип

Општина Пробиштип го продоложува проектот на бесплатна храна за ученици. Со реализација на овој проект локалната самоуправа излегува во пресрет на ранливите категории на деца кои посетуваат основно училиште.

altОпштина Пробиштип на распишаниот тендер за набавка на бесплатна храна (ужина) за ученици чии родители се корисници на социјална парична помош го избра набавувачот Вкус од Пробиштип кој до крајот на учебната година, ќе  испорачува храна по основните општинаски учичлишта .

Инаку ова е проект на градоначалникот на општина Пробиштип, се со цел да бидат опфатени најранливите категории на ученици во училиштата .  Ова е трета година по ред како овие ученици добиваат бесплатна храна, обезбедена од општина Пробиштип

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.