gogo

A+ R A-


Бесплатни лекарски прегледи во руралните средини во Пробиштип

altВо рамки на заложбите за еднакви можности општина Пробиштип во соработка со Здравствен дом “Нада Михајлова”од Пробиштип продолжува со акцијата за бесплатните лекарски прегледи во руралните средини.

 

Вакви прегледи се извршија вчера во селата Древено и Добрево. На жителите од овие места им беа извршени мерење на крвен притисок, шеќер во крвта и холестерол во крвта, а исто така добиваа и лекарски совети.

Овие населени места вчера беа посетени и од кандидатот за градоначалник  Тони Тоневски и претседателот на Совет Ранко Давитков, каде Тоневски се претстави со дел од проектите кои се од значење за жителите од овие населени места. На крајот од презентацијата беа поставувани прашања се даваа предлози и идеи каде за истите се даваа задоволувачки одговори.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.