gogo

A+ R A-


Бесплатно зимување за децата од Пробиштип

altСите корисниците на постојана парична помош, социјална парична помош и посебен додаток до 14 екември 2012 година може да аплицираат за користење на бесплатна услуга за одмор и рекреација (зимување) за своите деца.

Услугата опфаќа 6 полни пансиони и бесплатен превоз организиран од страна на Министерството за труд и социјална политика. Право на користење имаат деца родени во период од 1998 година до 2003 година и се на редовно школување од петто до осмо одделение, услугата може да се користи во период на зимскиот распуст.

Децата корисници на посебен додаток имаат право на придружник.

Заинтересираните корисници треба да поднесат Барање во ЈУ Центар за социјална работа – Пробиштип.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.