
До Основното јавно обвинителство во Скопје пријавено е дека локалните консултанти на рудниците Злетово и Тораница во период од 2007 до 2013 година затаиле и не платиле персонален данок на доход. Иван Јовановски не платил 244.657 евра, а Билјана Црвенковска Јовановска 469.000 американски долари.
„Сопружниците Јовановски и второпријавената Црвенковска Јовановска, од 2007 до 2013 година хонорарите за консултантските договори за менаџирање со рудниците за олово и цинк Злетово и Тораница, ги пренеле во соседна Грција и во Дубаи. Со ова обвинетите го оштетиле Буџетот на Република Македонија и го сториле кривичното дело даночно затајување“, се вели во соопштението од компанијата.
извор - www.mkd.mk