Голем пожар избувна во хотелот Црешово топче во Пробиштип. Утринава околу 2 часот и 40 минути, според мислењето на пожарникарите, се запалила фритезата во ресторанот.од каде преку димоводнуиот канал огнот се проширил на кровната конструкција и ги зафатил и другите простории на објектот. При самата интервенција првата екипа пожарникари со соочила со проблем, поради што на помош биле повикни и нивните колеги од Штип, Кочани и Кратово.
- Тоа е специфичен кров. Имаме плех, па под него салонит, па под него тервол и на крајот гипсени табли и тоа беше многу макотрпна работа, не можевме да влеземо од внатре и моравме само од надвор- изјави Крил Патраклиски, командир на ТППЕ- Штип
Штипкста противпожарна единица располага со специјална апаратура за сечење на вакви кровови.
- Со наша опрема и новна од Штип, со специјални уреди влеговнме внатре- изјави Васил Митровски, командир на ТППЕ- Пробиштип
Поради вдишување на поголемо количество јаглерод моноксид на еден пожарникар од Кочани му е укажана итна медицинска помош.
- Беше згрижен во медицинскиот центар во Пробиштип со онфузија, со освежување и е во добра здравствена сотојба и е веќе во Кочани-изјави Васил Митровски, командир на ТППЕ- Пробиштип
Во пожарот покрај кровот целосно е уништен последниот кат од хотелот.Неоштетени останаа долните два ката и ресторанот. Според првичните проценки се работи за голема материјална штета, чија точна вредност дополнително ќе биде утврдена.
http://sitel.com.mk/mk/golem-pozhar-vo-hotelot-creshevo-topche