gogo

A+ R A-


Димитар Петров: Граѓаните со калкулаторот сами ќе си го пресметаат трошокот за струја

http://ekonomski.mk/wp-content/uploads/2012/11/%D0%BF%D0%B5%D1%82%D1%80%D0%BE%D0%B21-300x168.jpgРегулаторната комисија за енергетика (РКЕ) изработи калкулатор со кој граѓаните ќе можат да ги пресметуваат трошоците за потрошувачката на електрична и топлинска енергија. Калкулаторот е поставен на веб-страницата на РКЕ http://erc.org.mk/. Потрошувачите ќе можат со едноставно внесување на неколку параметри да пресметаат колкави би биле нивните трошоци за електрична енергија, односно колку би плаќале за услугите на топлификацискиот систем во Скопје за загревање на иста грејна површина.

„Калкулаторот ќе им помогне на граѓаните во навремено планирање и намалување на трошоците за греење во зимскиот период кога се и најголеми, а истовремено на долг рок да се зголеми свесноста дека треба навремено и рационално да се носи одлуката за избор за загревање на домовите. Секој потрошен киловат-час електрична енергија со себе повлекува и одреден финансиски трошок, а овој калкулатор приближно, најточно и навремено, може да го пресмета и да помогне во носењето на клучната одлука за секое домаќинство“, изјави претседателот на РКЕ, Димитар Петров. Кај електричната енергија, при пресметката на трошокот, се внесува износот на потрошени киловат-часови што може да се види на задната страна од месечните фактури за електрична енергија, а за да се добие подобра претстава за потрошените киловат-часови за загревање, препорачливо е да се одбијат просечните месечни од летниот период.

За пресметка на трошокот за топлинска енергија единствено е потребно да се внесе грејната површина на станот, со што се добива просечниот месечен трошок за греење со овој вид енергија. Во делот на топлинската енергија има опција потрошувачите да пресметаат и колкав е просечниот трошок доколку се исклучени од топлификацискиот систем, што е значаен податок кога ќе ја прават севкупната споредба на трошоците.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.