Бугарската компанија „Минстрој“ ќе биде новиот концесионер на рудниците за олово и цинк „Добрево“ во Злетово и „Тораница“ во Крива Паланка. На денешната електронска лицитација бугарската компанија со седиште во Софија понудила највисока понуда во конкуренција на „Градежен институт“ и фирма со руски капитал.
Двата рудника на североистокот беа во стечај, откако досегашниот сопственик „Индо минерали и метали“ престана да стопанисува со нив, оставајќи долг од близу девет милиони евра кон државата, доверителите и работниците, кои останаа покуси за неколку плати.
Бугарски „Минстрој“ ќе плаќа годишно по два милиони евра концесија на државата, а ќе треба за најкусо време да ги рестартира рудниците и да ги врати рударите во рудничките јами. Оливер Арсовски
Добра вест за рударите, бугарски „Минстрој“ нов концесионер на Добрево и Тораница
Најново
![]() | Денеска | 2754 |
![]() | Вчера | 5315 |
![]() | Оваа недела | 10131 |
![]() | Минатата недела | 31661 |
![]() | Овој месец | 98479 |
![]() | Минатиот месец | 135927 |
![]() | Вкупно | 21152415 |