Според полицискиот билтен на Секторот за Внатрешни Работи во Штип, околу 21 часот на 31 декември 2012 година во куќата сопственост на Ц.Г на улицата „29-ти Ноември“, во Пробиштип, била извршена тешка кражба, при што сторителот одзел сигнален пиштол „Екол Туна“ калибар 8мм, ловечки нож со сечиво од 15см, златен накит и предмети од домаќинството.
Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што со употреба на физичка сила го скршил прозорското стакло од вратата на терасата, влегол во куќата, извршил пребарување и ги одзел горенаведените предмети. Во моментот на извршување на кражбата, сторителот бил затекнат од синот на сопственикот Г.Г. кој со помош на сосед го фатиле во близина на куќата. По ова била повикана полицијата од полициската станица во Пробиштип кои го привеле сторителот на кражбата и кај ги пронашле горенаведените предмети. Полицијата во Пробиштип превзема мерки за расчистување на случајот.