gogo

A+ R A-


Драма во Пробиштип: Поштар кој разнесувал пензии се застрелал во ногата

alt

Вистинска драма се одвивала вчера околу 13 часот во Пробиштип. Според податоците од полицијата, во објектот на Македонски пошти во селото Злетово, 31-годишниот Т.Д. вработен во Македонски пошти како доставувач-поштар, додека се наоѓал на своето работното место, се самоповредил со испукување на куршум од својот пиштол марка „Застава”  кој легално го поседувал.

Имено, поштарот вршел разнесување на пензии низ селата, при што со себе го зел и пиштолот, во кој ставил рамка со 8 куршуми, го репетирал и го ставил во торбата заедно со парите од пензиите. Кога се вратил во објектот на Македонски пошти, го извадил пиштолот од торбата и се обидел да го вметне во футролата која ја носел на појасот, при што дошло до испукување на еден куршум, кој го погодил во десната потколеница, нанесувајќи му влезно излезна рана.

Повредениот бил пренесен во болница, по што е пуштен на домашно лекување. Увидот е во тек.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.