Женската фудбалска репрезентација забележа два пораза, и тоа убедливи од соодветната селекција на Црна Гора со 0-7 и1:7, но за одбележување е одличната игра на пробиштипјанката Ели Јаковска, која имаше забележителен настап на овие два меча.
Новиот селектор Балевски не сметаше на интернационалките за оваа репрезентативна акција, но ако е за утеха, денеска репрезентативките барем успеаја еднаш да го погодат голот на Црна Гора, и тоа преку Ели Јаковска.