Пробиштипјани и Злетовчани со свечена литургија во Црквата Успение на Пресвета Богородица и црквата Св.Богородица Пречиста започнаа со празнување на големиот верски празник Богојавление – Водици, каде што потоа со поворка заедно со свештените лица се упатија кон местата традиционални за одржување на традиционалниот Верски обичај и тоа кон поранешниот базен, а сегашен Аква парк во Пробиштип и кон локалитетот Подпешки на брегот на Злетовска река. При барањето на крстот среќата ги најде и ги послужи Емил Ангеловски од Пробиштип и Борјан Поповски од Злетово. текст и фото - http://probistip.mk/?p=6163