gogo

A+ R A-


Емил Димитриев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, технички премиер до избори?

Емил Димитриев ќе го наследи ГруевскиГенералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Емил Димитриев, ќе биде нов премиер во Владата, кој ќе дојде на местото на Груeвски во преодниот период, велат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Официјално, од партијата не ја демантираат, ниту пак потврдуваат оваа информација.

Вечерва за ова прашање заседава Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриев е  генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ од месец јули 2013 година.

Во 2011 година Димитриев беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и истата година повторно е предложен за заменик министер во Министерството за одбрана, функција што ја обавуваше од 2008 година.

 

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.