gogo

A+ R A-


ФК Рудар не успеа да влезе во Трета лига-исток

10405670_1650023178563376_6466174634610846060_nАкадемија Пандев  победи, со резултат 3:1, во бараж натпреварот со екипата на Рудар од Пробиштип.

Темелков, во 18. минута, од слободен удар  го постигна првиот гол на натпреварот. Со резултат 1:0, фудбалерите заминаа на полувреме.

Во вториот дел стрелците проработија и постигнаа уште три гола. Во 65. минута,  Малинов стрелаше за 2:0,  тетиот гол за Академија Пандев, во 75. мминута, го постигна  Трајче Ефремов.  Во 90. минута. Рудар преку Јовчевски успеа само да го ублажи поразот.

Во вториот бараж натпревар во Кочани екипата на Дузлак 2013 од Штип ја победи екипата на Детонит Јуниор од Радовиш со резултат 2:1.

Победничките екипи Академија Пандев, Дузлак 2013 и екипата на Карбинци, која имаше среќа во ждрепката да биде слободна, формираат група во која ќе одиграат нови три средби секој со ского на 21, 24 и 28 јуни.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.