Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, во придружба на Директорот на Јавното комунално претпријатие, денес ќе го посети реномираниот саем за води кој се одржува во Белград.
Еднодневната посета ќе биде искористена за одржување на работен состанок со неколку консултантски компании. Темата на дискусија е менаџирање со филтер станици. Во моментов филтер станицата во Пробиштип е во завршна фаза, во декември 2012 се очекува истата да биде ставена во функција со што Пробиштип ќе ја има најсовремената пречистителна станица која ја користи методата на ултрафилтрација, единствена во Македонија.
Вредноста на овој проект изнесува 1.500 000 евра.