Градоначалникот на општина Пробиштип се вклучи во акцијата на Министерството за труд и социјална политика “Се грижиме за топол дом” која веќе се спроведува во Република Македонија.
„Министерството за труд и социјална политика и останатите стратешки партнери излегуваат во пресрет и помагаат и ги поддржуваат социјално загрозените семејства се со цел да се задоволат потребите на лицата на коишто им е најпотребна помошта, изјави Градоначалникот Тоневски.
Општина Пробиштип, во соработка со Центарот за социјална работа и бизнис заедницата од општината донираа кујна, фотелја и тепих, наменети за едно повеќедетно семејство од Злетово , станува збор за семејство од шест члена, во кое на крајот на годината ќе се роди петтото дете. Градоначалникот Тоневски на дечињата им подари пакетчиња.