gogo

A+ R A-


Груевски: Со новиот пат овозможена директна врска меѓу Свети Николе и Пробиштип

alt

Пуштен е во употреба целосно модернизираниот регионален патен правец Свети Николе-Пробиштип во должина од 28 километри што досега не беше функционален. Станува збор за проект на Владата вреден 52 милиона денари што го реализира ЈП „Македонија пат“.
 - За време на изборите дадовме ветување кое, не само што го исполнивме, туку и предвреме  го реализираме, сега, а не како што беше планирано во 2015 година, истакна премиерот Никола Груевски пред отворањето на делницата.
Според него, многу години ова беше само земјен коловоз и постарите жители, освен по маката да пристигнат до посакуваната локација, го паметат и како ветување дека ќе се изгради од многу претходни генерации политичари.  Делницата од патот меѓу селата Мечкуевци и Куково досега беше пробиена, со земјен коловоз, мала ширина и голем број нерамнини и препреки. Можеше да се помине само со теренско возило, а при врнежи од дожд патот беше целосно во прекин, Како што напомена, патот е целосно израмнет, тампониран и асфалтиран во должина од 5,5 километри и ширина на асфалтен коловоз 5,5 метри. 
На дел од овој патен правец, од приклучокот кај Свети Николе кон селото Немањица извршена е рехабилитација на посточекиот коловоз со негово приширување за 1,5 метар и е поставен целосно нов асфалтен слој во должина од 2 километра. За да се зголеми безбедноста на сообраќајот и патниот правец да биде функционален по целата должина од 28 километри, поставени се, рече премиерот, заштитени безбедносни огради на постоечките мостови и сообраќајни знаци, а е извршено и бележење со хоризонтална сигнализација на коловозот. 
 - Со изградбата на делницата меѓу селата Мечкуевци и Куково се комплетира регионалниот патен правец и се овозможува директна и најкратка врска меѓу Свети Николе и Пробиштип, како и на сите населени места што гравитираат на овој пат во двете општини. Растојанието меѓу Свети Николе и Пробиштип ќе се скрати за околу 25 километри што освен за жителите, е предност и за развој на економијата во двата града, потенцира Груевски.
 Tој уште еднаш напомена дека Владата посветено работи на изградба на патната инфраструктура. Оваа година ќе биде заокружена со реконструкција и ревитализација на вкупно 136 километри регионални и магистрални патишта.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.