gogo

A+ R A-


Хаос во пробиштипско Гајранци, соседи се мавале со секири и ножеви

https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/b/b5/Gajranci_znak.JPGНа 14.11.2015 година во 21,20 часот во с.Гајранци-пробиштипско Р.К.(59) забележал дека била срушена неговата ограда од дворот, по што  претпоставил дека сторители се неговите соседи браќата Д.М.(42) и М.М.(1961) по што зел секирче и го скршил ветробранското стакло од паркирано возило „Застава  125“сопственост на М.М. а потоа истиот заминал. Веднаш потоа Д.М. и М.М. влегле во дворот на Р.К. и физички го нападнале. Истиот изреволтиран зел нож со помало сечиво и на ул.„9-ти Мај“ им нанел повреди во пределот на стомакот на двајата браќа. Повредените со возило на Брза помош биле пренесени во КБ-Штип каде им биле константирани телесни повреди и истите биле задржани на понатамошно лекување. Р.К. бил приведен во ПС-Пробиштип, а потоа  поради здобиените повреди од извршениот физички напад  со возило на Брза помош бил пренесен во КБ-Штип. Увид  извршила увидна екипа од ПС Пробиштип и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.