gogo

A+ R A-


Хотелот „Црешово топче“ во пламен, повредени нема

alt

Во Пробиштип изгоре дел од хотелот „Црешово топче“ што се наоѓа во центарот на градот. Во пожарот нема повредени. Огнената стихија се случила околу 2 часот утрово. Пожарот почнал најпрво да се шири од кујната и зафатил дел од спратот и кровната конструкција на хотелот.

Според првичните информации, во помош на пожарникарите од Пробиштип пристигнале и пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Штип. Командирот на ТПЕ - Штип Кире Патраклиски вели дека пожарникарите се уште се во хотелот „Црешово топче“ во Пробиштип каде што се уште го догаснуваат пожарот.

Повеќе информации од надлежните институции за пожарот се најавени во текот на попладневните часови.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.