Денес вработените од локалната телевизија Протел ја покажаа својата хуманост, подарија од срце, ја вратија среќната насмевка на лицето на еден студент од Пробиштип подарувајќи му лаптоп. На иницијатива на педесетина македонски интелектуалци, поети, писатели во петокот 13 декември во округлата сала при домот на културата „Злетовски рудар“ Пробиштип одржаа трибина „Македонски Манифест“. На трибината беа промовирани нивните најнови дела такашто секој посетител можеше да си дозволи и да купи книга, а со тоа и да ја покаже својата хуманост. Остатокот од понудените книги ги откупи ТВ Протел и во соработка со локалната самоуправа се одлучи собраните средства да се искористат односно да се подарат на социјално загрозено семејство од општина Пробиштип.
На денешниот хуман настан присуствуваше и сопругата на градоначалникот Тони Тоневски, Марина Тоневска подарувајќи му торба за лаптоп. Оваа акција е доказ повеќе дека сите од бизнис заедницата треба да се вклучат во вакви слични хуманитарни активности и ова нека биде еден апел до сите да земат учество.
извор - probistip.mk