Поради сериозноста на повредите, здобиени на работа, рудар од Пробиштип е пренесен на лекување на скопските клиники.
Од Министерството за внатрешни работи соопштуваат дека вчера околу 10.30 часот во Здравствениот дом во Пробиштип со повреди на главата и телото бил донесен 24-годишниот А.Ј. од село Древено. Тој се повредил додека работел во рудникот “Индо минирали и метали“ во пробиштипското село Добрево.
Од Здравстевниот дом во Пробиштип бил пренесен во Штип, но поради сериозноста на повредите рударот е донесен во Скопје на понатамошно лекување.
Од МВР велат дека се работи на расчистување на несреќниот случај.