
Ајфонот од Дуна компјутери отпатува во Злетово, во рацете на Ева Поповска, среќната добитничка во наградниот квиз LIKE, СПОДЕЛИ И ОСВОЈ iPhone 6 кој се одржа на фејсбук фан страната на Дуна.
Ева е ученичка во 9-то одделение во О.У. „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Омилени предмети и се македонски и англиски јазик, а во слободно време оди на балет и кошарка.
Веста за наградата ја разбрала во Злетово, каде заедно со родителите ги поминува празниците. Веднаш почнале да пристигнуваат честитки од сите страни. Најмногу од нејзините другарки и другари, роднини и пријатели. Ева е пресреќна што го доби најпосакуваниот подарок за нова година.
Дуна и ја честита наградата на Ева!