gogo

A+ R A-


Изложена студијата за ХС „Злетовица“ како капацитет за наводнување на земјоделски површини

Во просториите на домот на кулурата во Пробиштип се одржа трибина на која присуствуваа околу 90 заинтересирани земјоделци од Општина Пробиштип. На трибината на која се одржа презентација на студијата за втора фаза од Хидросистемот Злетовица – за наводнување на земјоделски површини, збор земаа Ранко Давитков – раководител на МЗШВ ПЕ Пробиштип, Михаил Цветков – ВД Директор на ЈП ХС Злетовица, Кадри Сали – Директор на упрвата за водостопанство, Благоја Стоилов – државен советник.

Презентацијата на студијата ја водеше Ацо Јаневски-технички директор на ЈП ХС Злетовица.
Од страна на присутните земјоделци се искажа задоволството од можноста за учество на ваква трибина помеѓу имплементаторите на проектот и директните корисници од кои се дадени конструктивни предлози, сугестии за дополнување на одредени реони кои треба да бидата опфатени со наводнување од одвој систем.

tribina zletovica (5) tribina zletovica (1)

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.