gogo

A+ R A-


Измамници собирале пари од гостиварци за џамија во Пробиштип

alt

Измамници од гостиварски бизнисмени собирале пари и стока под изговор дека им требаат за изградба на џамија во Пробиштип.

Првиот случај на измамата во гостиварската полиција го пријавил Ф. Т. (60) сопственик на фирма од Гостивар. Според неговата изјава, на 3 декември месец, кај него дошле две лица кои допатувале со „опел“ со бугарски регистерски ознаки. Од него побарале да поддржи иницијатива за изградба на џамија во Пробиштип.

Му побарале пари, а тој им дал 100 евра и за тоа добил белешка „каса прими“. Подоцна во случаен разговор со негов соработник од Пробиштип разбрал дека таква иницијатива немало, ниту пак се планира изградба на џамија.

Од СВР Тетово потврдуваат дека, гостиварецот случајот го пријавил, по што била покрената истрага. Во меѓувреме полициските инспектори дошле до сознанија дека изманиците успеале и од други двајца бизнисмени и да земат извесни количини на ламинат. Се претпоставува дека на измамата наседнале десетина бизнисмени од Гостивар и Тетово.

Додади коментар


Кодот на сликата Освежи

© 2015 - Аберџија. Сите права се задржани.  Порталот е хостиран и спонзориран од Surfree. Креиран од Мартин Марковски.